Објавен телефонски број: Пријавете злоупотреба на службените возила

500 службени лимузини со нови црвени таблички, на ред се уште трипати повеќе

90

Од вкупно 7.500 службени возила, околу 500 се опремени со специјализирани црвени регистарски таблички како дел од кампањата на Владата за спречување на злоупотреба на државни ресурси за време на изборната кампања. Општина Гази Баба која е првата скопска општина која веќе комплетно изврши замена на таблиците на служените возила, а процедурата е при крај во речиси сите општини, како и во повеќето државни институции. Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски при увидот во општината рече дека има и голем број возила коишто се веќе во процедура и дека крајниот пресек ќе биде за две недели.

„Граѓаните практично ќе можат да пријавуваат злоупотреби, потенцијални злоупотреби и можни злоупотреби. Тие ќе можат да ни бидат испратени нам, на службата, а сега ние како институција ќе ги испраќаме до сите тие институции. Ги молам сите државни институции да се обидат да ги рационализираат сите тие возила што ги имаат, бидејќи многу од нив се во нефункционална состојба. Вкупниот број на возила е околу 7.500 возила, но тука морам да нагласам дека тие 7.500 возила се и возила на Министерството за внатрешни работи, Армијата, безбедносните сили и Службата за итни интервенции. Не очекувам дека ќе имаме повеќе од 1.500 до 2.000 возила на државно ниво“, изјави Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Тој посочи дека институциите треба да рационализираат бројот на возила кои ги користат и да ги брендираат со службени регистарски таблички само оние кои ги користат, а другите да ги продадат и да ги расходуваат.

„Ние како владина служба од 220 возила коишто ги имаме во наша сопственост, во моментов имаме обележано 50 возила, можеби ќе обележиме уште 10 возила со специјални таблици, а со другите ќе пристапиме кон нивна продажба и расходување со цел да ги заштедиме трошоците во државата“, рече директорот.

Пријавување на незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила може да се пријави на 070 399 050 или [email protected] и сите пријави, како што вери Томовски, ќе се проследуваат до надлежните органи за понатамошно постапување.

ИЗДВОЕНИ