Според најновото рангирање на „Тејст атлас“, популаната веб-страница за храна и гурмани, најдобро оценетите чоколади во светот доаѓаат од Европа, во која доминираат Италија, Франција, Белгија и Швајцарија.
Овој список, наречен „Топ 100 чоколади во светот“, е составен врз основа на илјадници оценки од љубители на храна од целиот свет.
Гласовите беа анализирани со помош на систем кој ги елиминира ботовите и „патриотското гласање“ и конкретно ги цени оценките на експертите.
Најдобро оценети чоколади за 2025 година (Топ 5):
– Cremino al Pistacchio – Venchi (Италија)
– Gianduiotto – Caffarel (Италија)
– Avelã (Пралине од лешници) – Casa do Chocolate (Бразил)
– Ganache au Chocolat – La Maison du Chocolat (Франција)
– Chocolat Praliné Noisette – Jean-Paul Hévin (Франција)
View this post on Instagram
Италијанската чоколадна традиција – особено производите со ф’стаци и лешници – го освои првото место, веднаш по нив следуваа престижните француски производители на чоколадо.
Според „Тејст атлас“, целта на ваквите рангирања не е да се донесе конечна пресуда, туку да се промовираат локалните деликатеси, да се подигне свеста за традиционалните рецепти и да се стимулира љубопитноста кај љубителите на храна низ целиот свет.












