Објавен романот „С(удба)та“ од Филип Георгиевски

16

„С(удба)та“ е новиот роман од македонскиот поет и прозаист, Филип Георгиевски, што излезе од печат во издание на „Бата прес“. Делото е политичко-психолошки трилер инспириран од вистинити настани, кој се занимава со трагични човечки судбини и улогата на тајните служби во поранешниот општествен систем.

Романот, на Саемот на книгата во Скопје, го промовираше книжевниот критичар и драматург, Гоце Ристовски, кој истакна дека со креативната употреба на заградата во насловот се алудира на УДБА – тајната служба што оставила длабоки траги во животите на многу луѓе. Тој го оцени делото како инвентивно, асоцијативно и предупредувачко.

„С(удба)та“ раскажува за една ненадејна смрт на млада личност и последиците што ги предизвикува кај оние кои, свесно или несвесно, биле дел од трагедијата.

Филип Георгиевски е автор на неколку поетски збирки, а минатата година го објави романот „Стриптиз на душата“, кој влезе во најтесниот избор за годишната награда на Друштвото на писателите на Македонија.

ИЗДВОЕНИ