Објавен е огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви

19

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, соопшти дека е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата.

Како што информира тој преку својот фејсбук-профил, првпат во Македонија ќе се откупува македонска пченица за стоковните резерви.

– Објавен е огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Првпат во Македонија ќе се откупува македонска пченица за стоковните резерви – 9.000 тони меркантилна пченица од реколтата 2025 година, по цена од 13 денари за килограм (без ДДВ). Продолжуваме да работиме за уште поголема поддршка на земјоделството – наведува министерот.

ИЗДВОЕНИ