четврток, февруари 12, 2026
Дома СВЕТ Објавен е датумот на судењето за тужбата на Трамп против „Би-би-си“

Објавен е датумот на судењето за тужбата на Трамп против „Би-би-си“

18
Фото:википедија

Судењето за тужбата на американскиот претседател Доналд Трамп против британскиот јавен сервис „Би-би-си“, која бара отштета од повеќе милијарди долари, е закажано за февруари 2027 година, објави денес „Би-би-си“.

Датумот на судењето беше објавен откако судот во Флорида го отфрли барањето на „Би-би-си“ за одложување на судењето.

Доналд Трамп ја тужи „Би-би-си“ за клевета поради епизода од документарецот „Панорама“ во која два дела од неговиот говор беа монтирани за да изгледаат како директно да ги охрабрува своите поддржувачи насилно да го нападнат Капитол на 6 јануари 2021 година.

Се очекува судењето да трае две недели и да се одржи во Мајами, а портпаролот на „Би-би-си“ нагласи дека службата ќе ја брани својата позиција и нема да коментира понатаму за судската постапка.

Британската јавна служба објави дека ќе поднесе барање за прекин на постапката до 17 март.

ИЗДВОЕНИ