Обилните снежни врнежи и лапавица, кои ги претворија патиштата во Франција во „лизгалишта“, предизвикаа најмалку пет смртни случаи на патиштата и продолжуваат сериозно да го нарушуваат сообраќајот, објави локалното Министерство за транспорт, објавија француските медиуми.
Три лица загинаа утрово во две несреќи поврзани со лапавица. Уште едно лице почина подоцна во сообраќајна несреќа, а уште едно, петто, во пошироката област на Париз, пишува „Бета“.
На железницата, како и на патиштата, големи тешкотии продолжуваат да постојат на западот од земјата, според Министерството за транспорт, кое објави затворање на шест аеродроми на запад и север.
Вкупно 26 департмани во западна Франција се ставени под портокалово предупредување за снег и мраз, објавува N1.
Метеоролозите за денес најавија температури од минус два до минус осум, локално дури и под минус 10 степени Целзиусови.
Утре се очекуваат и снег и замрзнат дожд.












