Обилни дождови и силен ветер ќе ја погодат Македонија

2250

Од Управата за хидрометеоролошки работи, соопштуваат дека од денеска попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна воздушна маса, ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, и ќе има услови за ретки грмежи.

Ќе дува и повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а од петок и деновите од викендот се очекуваат нови врнежи.

ИЗДВОЕНИ