четврток, јануари 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Обемот на тргување со криптовалутата на Трамп надмина 11 милијарди долари

Обемот на тргување со криптовалутата на Трамп надмина 11 милијарди долари

466
Фото: EPA-EFE/PABLO GIANINAZZI

За само еден ден од лансирањето на мем-коинот на американскиот претседател Доналд Трамп $TRUMP, обемот на тргување со криптовалути надмина 11 милијарди долари. За тоа сведочат податоците од платформата CoinMarketCap.

Капитализацијата на криптовалутата надминува шест милијарди долари, а еден мем коин чини околу 30 долари.

Тргувањето со мем коинот започна на крипто берзите во саботата по цена од седум долари за $TRUMP. Во текот на процесот, котациите се зголемија на 34,5 долари, но потоа паднаа.

Трамп претходно изјави дека криптовалутите ќе станат една од главните области на развој за американската економија. Освен тоа, новоизбраниот претседател размислува и за создавање национална резерва на дигитални платежни системи и за претворање на земјата во светска престолнина на криптовалутите, пренесува веб-страницата „vesti.ru“.

ИЗДВОЕНИ