сабота, јануари 17, 2026
Дома СВЕТ Обдукциите открија употреба на боева муниција против демонстрантите во Непал

Обдукциите открија употреба на боева муниција против демонстрантите во Непал

80

Обдукциите спроведени по протестите во Непал потврдуваат дека најмалку 33 демонстранти биле убиени од боева муниција, додека само едно лице било погодено од гумен куршум, соопшти Медицинскиот институт на Универзитетот Трибхуван, пренесе Танјуг.

Вкупно, 74 лица беа убиени за време на протестите, а повеќе од две илјади беа повредени, објави Ројтерс.

Протестите, предводени од Генерацијата Z, избувнаа поради прикажувањето на луксузот и одморите на политички поврзани личности на социјалните медиуми.

ИЗДВОЕНИ