Нутриционисти: Ако сакате подобро здравје на цревата, престанете да јадете 5 вида храна

89

Не сите „здрави“ намирници се подеднакво лесни за варење. Иако многу од нив често се препорачуваат поради нивната хранлива вредност и здравствени придобивки, лекарите и нутриционистите предупредуваат дека некои популарни опции можат да предизвикаат надуеност, да го нарушат варењето и да ве остават уморни. Препознавањето на храната што предизвикува такви реакции може да помогне за подобро зачувување на здравјето на цревата и постабилни нивоа на енергија.

Гранола
Иако често се смета за здрав избор за појадок поради овесот и јаткастите плодови, гранолата може да предизвика надуеност и лошо варење кај некои луѓе. Многу индустриски верзии содржат големи количини на додаден шеќер и масти што можат да го оптоварат дигестивниот систем. Личниот тренер и нутриционист Алана Кејт Дерик истакнува дека комерцијалните гранола плочки често се полни со тешко сварливи јаткасти плодови и семки, што може да предизвика непријатност кај чувствителните стомаци, пишува SheFinds.

Различни видови грчки јогурт
Ароматизираните видови грчки јогурт често содржат додадени шеќери или вештачки засладувачи кои можат да предизвикаат надуеност. Покрај тоа, процесот на ферментација може да доведе до формирање гасови кај некои луѓе. Дерик предупредува дека дури и блага чувствителност на лактоза може да предизвика грчеви и непријатност, поради што, според нејзиното искуство, многумина морале рано да се откажат од тренинг.

Житарки
Иако житарки со шеќер се популарен избор за појадок, нутриционистката Лиза Ричардс вели дека тие често содржат рафинирани зрна кои имаат малку влакна, а многу шеќер. Таквиот состав може да предизвика ненадејно зголемување и намалување на нивото на шеќер во крвта, што придонесува за воспаление, надуеност и проблеми со варењето.

Смутија
Големите количини шеќер во течна форма можат да доведат до флуктуации на шеќерот во крвта, што негативно влијае на варењето. Покрај тоа, смутијата често немаат влакна што се наоѓаат во целото овошје и зеленчук. Дерик особено ги истакнува смутијата со многу лиснат зеленчук како кељ, спанаќ или целер, наведувајќи дека консумирањето такви пијалоци на празен стомак може да предизвика болни гасови и надуеност.

Сушено овошје
Иако често се смета за здрава ужина, сувото овошје има поконцентриран дел од природни шеќери и калории. Диететичарот и нутриционист Крутика Нанавати предупредува дека поголемите количини можат да ја нарушат рамнотежата на цревните бактерии и да предизвикаат надуеност. Тој исто така истакнува дека некои сушени овошја содржат сулфити, конзерванси кои можат дополнително да ги влошат дигестивните проблеми и да придонесат за зголемување на телесната тежина кај чувствителните луѓе.

ИЗДВОЕНИ