Репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ, предвреме ја заврши сезоната во НБА- лигата поради операција на носот. Босанскиот кошаркар играше извонредно во дресот на Јута, со просек од 10,9 поени, 10,4 скока и 4,8 асистенции на натпревар, со 50,3 проценти шут од поле.
Треба да се спомене дека тој ќе биде слободен агент следното лето и ќе видиме каде ќе ја продолжи кариерата. Постои голема шанса да остане член на тимот од Солт Лејк сити, но на крајот повисоката понуда ќе ја добие битката за неговиот потпис.
Едно е сигурно, каде и да ја продолжи кариерата, тимот ќе добие докажан центар, играч со огромно НБА-искуство и некој што сè уште има многу да понуди на највисоко ниво.











