Судија во Њујорк ги отфрли обвиненијата за тероризам против Луиџи Манџоне, 27-годишникот обвинет за убиството на моќниот извршен директор на „ЈунајтедХелткер“ (УХЦ), Брајан Томпсон. Иако беше утврдено дека убиството не претставува терористички чин, Манџоне сепак ќе се соочи со обвинение за убиство од втор степен, објави „Скај њуз“.
Брајан Томпсон, извршен директор на УХЦ, беше застрелан и убиен на 4 декември минатата година додека присуствуваше на конференција за инвеститори во хотелот „Њујорк Хилтон Мидтаун“. Манџоне, кој се изјасни за невин по сите обвиненија, беше уапсен пет дена подоцна во ресторан на „Мекдоналдс“ во Алтуна, Пенсилванија, речиси 400 километри западно од Њујорк.