„Њујорк тајмс“ за преговорите во Турција: тактичка победа на Русија

1642
Преговорите на руската и на украинската делегација во Инстанбул претставуваат тактичка победа на руското раководство, објави „Њујорк тајмс“.

Весникот го припишува ова на фактот дека немало договор за прекин на огнот, на кој инсистирале Украина и речиси сите нејзини западни сојузници.

Преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул поминаа попозитивно отколку што се очекуваше, објави „Си-ен-ен, повикувајќи се на неименуван турски функционер, бидејќи претставниците на делегацијата не се обвинувале меѓусебно.

Британски „Тајмс“ наведе дека преговоирте поминаа подобро отколку што се очекуваше и дека страните покажаа дека можат да водат директен дијалог без посредување.

Британски „Гардијан“ смета дека средбата е симболична победа на Путин, а норвешкиот весник „Афтенпостен“ истакнува дека размената на заробеници е потег кој во воената дипломатија се користи за изградба на доверба“ пренесува „Спутник“.

 

ИЗДВОЕНИ