Соединетите Американски Држави пренасочија речиси 1 милијарда долари од буџетот наменет за модернизација на својот нуклеарен арсенал за финансирање на ремонтот на претседателскиот авион Боинг 747-8, познат како „Ер Форс Уан“, објави денес „Њујорк тајмс“ (NYT).
Според весникот, точната цена на ремонтот на авионот во моментов е доверлива.
„Официјално, трошоците за ремонтот се доверливи… Никој не сака да коментира за мистериозниот трансфер од 934 милиони долари од еден од најдобро финансираните проекти на Пентагон кој излезе од контрола – модернизацијата на застарените американски нуклеарни ракети на копно. Таа сума речиси сигурно ја вклучува и реконструкцијата на новиот претседателски авион“, пишува „Њујорк тајмс“.
Според весникот „Њујорк“, извори од воздухопловните сили на САД неофицијално потврдија дека парите за реновирање на авионот се повлечени од средствата наменети за програмата „Сентинел“, која се однесува на замена и модернизација на копнени системи за лансирање нуклеарни боеви глави.
„Не е јасно дали целата сума ќе се искористи за целосно расклопување на авионот до трупот, но извори од воздухопловните сили признаваат дека користат средства од нуклеарната програма за да го спроведат овој сложен проект“, се наведува во текстот.
Според „Њујорк тајмс“, надградбите на авионот ќе вклучуваат засилени комуникациски системи, ракетна одбрана и модифицирани млазни мотори, пренесува „Танјуг“.