Нудат сместување, храна и добра дневница: Можност во Србија за секој кој сака да заработи

5570

Сопствениците на плантажи со овошје во Србија, чија берба започна во некои региони, мака мачат да најдат работна сила. На социјалните мрежи има десетици огласи наменети за собирачи на малини, боровинки и вишни.

Сопственик од околината на Бајина Башта кој има хектар малини вели дека од 1 јули собира работници на работа.

Објавувал огласи секаде каде што можел.

– Обезбедено е сместување и храна, а дневно може да заработите и до 5.000 – вели тој за српските медиуми.

Тоа значи, како што објасни, дека треба да набере 50 килограми малини.

Толку плаќаат и другите овоштари кои бараат сезонски работници.

Во Липолист кај Шабац за берење малини од 20 до 25 јуни со работно време од 6 до 19 часот, со три подолги паузи, сместување, храна и плата, се нуди иста дневница.

Малинарите се жалат дека од сезона во сезона станува сè потешко да се најдат луѓе подготвени да работат повеќе часови на сонце. Младите се помалку заинтересирани, а постарите немаат енергија.

Способните мажи имаат тенденција да одат на сезонска работа во градежништвото, така што најголемиот дел од сезонските берачи се жени.

ИЗДВОЕНИ