„Нож и виљушка на европска чинија“ во Паркот на Франкофонијата

96

В петок, Паркот на Франкофонијата, ќе биде место каде што ќе можат да се вкусат македонските и европските традиционални јадења. Станува збор за културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе започне во 18:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека и годинава ќе се промовира културната разноликост преку претставување на традиционални македонски и европски гастрономски производи. Тој ги покани сите граѓани да се придружат на настанот заеднички да уживаат во вкусовите на македонската и европската традиција.

– Преку храната ги славиме традициите, се запознаваме меѓу себе и градиме почит меѓу различни култури. Центар е и ќе остане општина на вредности и различности. Ветуваме одлична забава, вкусна храна и добра музика – нагласи Герасимовски. 

Освен можност за дегустација на традиционални македонски и европски јадења, граѓаните ќе имаат можност да се релаксираат и да се забавуваат со диџеј Зоки Бејбе и Наде Талеска бенд. Настанот е во организација на Општина Центар и е отворен за сите граѓани.

 

 

ИЗДВОЕНИ