Новото откритие за можен крај на светот е застрашувачко: Сите ќе умрат од студ ако планетарен судир ја исфрли Земјата од орбитата и ја остави без Сонце

472

Научниците веруваат дека конечно можеби имаат одговор на тоа што би можело да го уништи целиот живот на Земјата. Тој одговор сугерира дека светот можеби се соочува со ужасна судбина.

Во нова студија, истражувачите од Институтот за планетарни науки и Универзитетот во Бордо предвидуваат дека Земјата би можела да биде исфрлена од орбитата од ѕвезда во поминување, пренесува Вечерњи. Тогаш, без Сонцето да ги затоплува, луѓето би замрзнале до смрт.
За среќа, шансите ова да се случи се многу мали. Во следните пет милијарди години, можноста Земјата да биде исфрлена од орбитата од ѕвезда што поминува е околу еден наспроти 500, според истражувачите.

-Откривме 0,3 проценти шанса дека Марс ќе биде изгубен преку судир или исфрлање и 0,2 порценти шанса дека Земјата ќе биде вклучена во планетарен судир или исфрлање, напиша тимот во својата студија.

Со децении, научниците се прашуваа како би можела да заврши Земјата. Црна дупка, удар од џиновски астероид и нуклеарна војна би можеле да предизвикаат катастрофа, како и појавата на роботи убијци или промената на магнетното поле на нашата планета. Во нивната нова студија, објавена во arXiv, Натан Кајб и Шон Рејнолдс се обидоа да разберат дали ѕвездите што минуваат би можеле да бидат виновни за крај на планетата Земја.

-Долгорочната динамичка иднина на сончевите планети е симулирана и статистички анализирана во големи детали, објаснија тие, пишува Дејли Меил.
За да одговорат на ова прашање, тие извршија илјадници симулации на нашиот Сончев систем во присуство на ѕвезди што минуваат во текот на следните пет милијарди години.

Загрижувачки е што нивните симулации открија дека осумте планети од нашиот Сончев систем, како и Плутон, се „значително помалку стабилни отколку што се сметаше претходно“. Плутон се соочува со најголем ризик да биде изгубен преку судир или исфрлање, при што симулациите откриваат пет проценти шанса. Марс се справува малку подобро со 0,3 проценти шанса, додека Земјата има 0,2 проценти шанса да биде исфрлена од Сончевиот систем.

ИЗДВОЕНИ