Богата музичка програма во Кратово!
Фестивалот „Златни денови 2025“ овој јули, пред се ќе биде во знакот на златните македонски пејачки грла. По нив доаѓаат и странците. По седми пат во ова убаво малото место во источна Македонија, се ќе се исполни со музика, песна, хумор, забава. Креирано со љубов, професионализам и желба сите генерации да најдат нешто за себе.
Во магичното Кратово, на 11-ти и 12-ти јули нема да има спиење. Се ќе биде разбрането со песните на познатите музички поп и фолк ѕвезди: Тајзи со урбаниот звук, Мартинијан Кириловски макфестовскиот победник и миленикот на тинејџерската публика, а потоа и со: Тв емисијата “Мерак меана“ која на кратовската сцена ќе ни се презентира со атрактивните: Анета Љумаковска, Даце Николовски, Татјана Стефановска, Марјан Коцев, Адријана Кеш и Боби Павловски.
Сепак, според најавите главната ѕвезда е српската поп-пејачка Наташа Беквалац која со двочасовниот кратовски концерт со сигурност ќе успее на публиката да им ја создаде незаборавна летна журка.
Со сетоа тоа Кратово не е само дестинација – Кратово е, и доживување! И секако регионална музичка атракција. (Д.М.)