Со договор за значителна финансиска поддршка Новоматик Македонија уште една година ќе биде генерален спонзор на фудбалскиот клуб Вардар. Продолжувањето на договорот беше официјализиран на прес – конференција на која присувствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, менаџментот на ФК Вардар, капитенот Горан Закариќ, како и други членови на корпорацијата и на клубот.
„Заедно со капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, објавуваме дека спортската бајка продолжува и во наредните две години. Новоматик Македонија и ФК Вардар го продолжија договорот за генерално спонзорство во вкупна вредност од дополнителни еден милион евра. Наша заедничка цел останува да придонесеме за градење на силен спортски колектив кој ќе биде предводник на новата ера успеси на македонскиот спорт, изјави Петар Пенчев, претставникот на менаџментот на Новоматик Македонија.
Од Новоматик Македонија велат дека одлуката за продолжување на договорот за соработка е донесена, бидејќи ФК Вардар не е само спортски клуб, туку и симбол на македонскиот идентитет и успешен национален амбасадор.
Капитенот Закариќ од име на клубот, играчите и стручниот штаб ја поздрави одлуката на Новоматик Македонија, нагласувајќи дека поддршката на компанијата претставува директна поддршкка за заложбите за здрава и перспективна маладина.
-Младите секогаш гледаат пример во професионалните спортисти и се идентификуваат со нивните индивидуални и колективни спортски успеси. Затоа, секоја команија што инвестира во спортот, всушност инвестира во здрава и просперитетна младина. Импресивни се заложбите на Новоматик Македонија да ги поддржи плановите на спортскиот колектив и актуелниот менаџмент на клубот за обнова на спортското реноме на ФК Вардар. Како капитен сакам да ја убедам јавноста дека сите фудбалери продолжуваат да го даваат максимумот за да ги оправдаат очекувањата, истакна капитенот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Закариќ.
Новоматик Македонија од пред три месеци е спонзор и на Фудбалската Федерација на Македонија. Само во македонскиот фудбал Новоматик Македонија, во период од две години вложи повеќе од три милиони евра. Дополнително, како светски лидер во индустријата на игри на среќа оваа корпорација е спонзор и на ракометниот клуб Вардар, кошаркарскиот клуб МЗТ и фудбалскиот клуб Кожув