Интернетот e преплавен со реакции за изборот на новиот папа. Американскиот кардинал Роберт Френсис Превост, кој го избра името Лaв XIV, стана тема на бројни мемиња и видеа, а во новиот клип е претставен како, ни помалку ни повеќе, диџеј.
Да, добро прочитавте. Папата како диџеј, на балконот на Сикстинската капела. Видеото, секако, е генерирано со помош на вештачка интелигенција (АИ), а во него папата не само што пушта музика на диџеј штанд, туку се дружи и со американскиот претседател Доналд Трамп.
И папата и Трамп танцуваа на „музиката“, а во еден момент Трамп почна да фрла сметки на толпата надвор од капелата.
Видеото веќе стана хит и за само неколку часа е прегледано повеќе од 290 илјади пати. Секако, следеа бројни коментари.
„Триото е некомплетно, недостига Зеленски“, „Би сакал да видам вака миса“, „Ни треба папа диџеј“, „Дали тој го поддржува Трамп?“, „Диџеј Леоне“, „Знаев дека го имам видено некаде претходно, тој беше диџеј“, „Ова видео беше неизбежно“, „Хахаха, ова е најдоброто видео“, напишаа гледачите.
Да потсетиме дека кардиналот Роберт Френсис Превост е роден во 1955 година во Чикаго. Поголемиот дел од својот свештенички живот го поминал надвор од САД, најмногу во Перу, каде што бил свештеник, професор, просветител и епископ. Ова го прави еден од ретките американски кардинали со длабоко искуство во Латинска Америка.
Бил префект на Дикастеријата за епископи, една од највлијателните функции во Ватикан. Според аналитичарите, Превост е умерен, способен за дијалог и поврзување на различни струи во Црквата. Неговиот стил и приоритети се блиски до реформскиот дух на папата Франциско, поради што ужива поддршка од некои кардинали кои сакаат континуитет.
@graficaos.ai benvenuto nuovo papa Leone xiv 🍥 . . . #graficaos #newpope #nuovopapa #papa #leone #leonexiv #donaldtrump ♬ suono originale – graficaos.ai