Новогодишното дрон-шоу во Будва наместо на небо, заврши во море, сега се истражува како пропаднаа десетици илјади евра

464

Најавенo како спектакл каков што никогаш не е виден на овие простори, дрон-шоуто што требаше да се изведе на небото над Стариот град во Будва на преминот од старата во новата година заврши неславно.

Околу 600 дронови наместо да полетаат кон небото, паднаа во морето и на платото пред Капетанија. Но, за среќа, никој не  е повреден.

Будванската полиција за „Вијести“ изјави дека спровела истрага и за сè го информирала обвинителството во Котор. Што точно се случило со скапата претстава со дронови, вредна неколку десетици илјади евра, ќе утврди експерт ангажиран од обвинителот.

На шоуто со дронови му претходеше спектакуларен огномет над морето.

На социјалните мрежи кружат снимки од фијаското на дрон-шоуто во Будва, но и на спектаклот што го направија илјадници дронови на новогодишната ноќ во Кина, на кој требаше да наликува будванскиот.

ИЗДВОЕНИ