Општина Куманово распиша јавен повик за изнајмување продажни штандови за манифестација „Новогодишно-божиќен базар“, која ќе започне на 15.12.2025 , а ќе заврши на 10.01.2026 година.
Штандовите ќе бидат поставени на Градски плоштад „Нова Југославија“, во центарот на градот.
Од Општина Куманово информираат дека ќе има 13 дрвени штандови на кои ќе можат да бидат изложени: традиционални занаетчиски изработки (дрворезба, керамика, грнчарство, филигран, сувенири), рачни изработки, украси и декорации, природна козметика, топли и ладни пијалаци (безалкохолни и алкохолни, согласно со прописите), подароци, пакети и тематски сетови, уметнички слики, уметнички и декоративни предмети, рачно плетени капи, шалови, ракавици, изработка на празнични декорации на лице место, домашни органски производи (слатко, мед, џемови, сокови и др.), во соодветна амбалажа, приготвување и продажба на палачинки (слатки и солени), печени костени и ситни грицки, топли пијалаци (чаеви, варено вино, топло чоколадо) – согласно со законските прописи.












