Новогодишна честитка за граѓаните: Струјата поскапува!

654

За околу 70 отсто од граѓаните цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто, односно сметките за струја ќе им бидат повисоки за 57 денари. За домаќиставата кои користат електрична енергија од прв и втор блок цената ќе се зголеми за 2,59 отсто, односно за сметките ќе им бидат повисоки за 70 денари.

Додека за оние кои имаат потрошувачка во третиот блок, цената се зголемува за 2,79 отсто, или крајната месечна сметка ќе им биде повисока за 370 денари.

За оние од четвртиот блок, кои се само 0,55 отсто од домаќинствата, сметките ќе им бидат повисоки за 900 денари.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, рече дка зголемувањето е минимално со оглед на тоа колкаво зголемување побарале енергетските компании.

Во однос евтината тарифа ЕВН предложи зголемување од 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи истата да се зголеми само за 2,50 отсто.

ИЗДВОЕНИ