Новогодишен базар „Патека на радоста“ на плоштадот во Марино

37

Под мотото „Патека на радоста”, на новоизградениот плоштад во Марино, од утре до недела ќе се одржи Новогодишен базар.

Базарот, под покровителство на Општина Илинден и на неколку општествено одговорни компании, ќе понуди богата и разновидна програма наменета за сите генерации.

– За најмладите посетители се предвидени средби со Дедо Мраз, Маша и Медо, театарски претстави, танцови настапи и магионичарски перформанси, создавајќи вистинска празнична магија – соопштија од Општина Илинден.

Љубителите на современата музичка сцена ќе имаат можност да уживаат во настапи на едни од најпознатите македонски изведувачи: Тони Зен, Јанг Дади, Таско, Пајак, како диџеј Боно.

ИЗДВОЕНИ