Францускиот кошаркар Давид Мишино (31) е нов играч на Монако, објави клубот. Тој потпиша едногодишен договор со тимот од Кнежеството.
Мишино играше за Бурса во последните две години, а во текот на сезоната 2024/25 во турското првенство, бележеше во просек по 14,2 поени, 3,3 скока и 3,3 асистенции.
Францускиот кошаркар ќе го има своето деби во Евролигата следната сезона, а во својата кариера играше за Шалон, Ремс, Тулон, Шоле, Метрополитен и Наполи.
Претходно, Монако потпиша договор со српскиот кошаркар, Немања Недовиќ.