четврток, јануари 22, 2026
Дома СКОПСКА Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона

Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона

43

Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона ќе добие населбата Радишани. За реализација ќе бидат одвоени 20.003.060 денари обезбедени преку Министерството за транспорт.

– Проектот „Изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека“ во населбата Радишани, Општина Бутел, опфаќа уредување и трансформација на простор со површина поголема од 10.000 квадратни метри, во современ, функционален и зелено уреден јавен простор. Со реализацијата на проектот се создава ново урбано јадро, кое ги обединува функциите на плоштад, парк и пешачка зона, наменети за секојдневно користење од сите генерации – објави премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

Во рамките на проектот, како што посочува, е предвидено поплочување на јавните површини со квалитетни материјали, изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување со зелени површини, како и поставување урбана опрема, осветлување и содржини за одмор, рекреација и социјална интеракција

ИЗДВОЕНИ