среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ново детско игралиште на улица „Рајко Жинзифов“ во Кавадарци

Ново детско игралиште на улица „Рајко Жинзифов“ во Кавадарци

25

На улицата „Рајко Жинзифов“ во Кавадарци се изгради уште едно прекрасно детско игралиште на површина од 100 квадратни метри.

-Веќе се поставени шарени и безбедни реквизити за најмладите, а во изминатиот период се поставија и гумена подлога, ограда, клупи и корпи, сѐ што им треба на децата за безгрижна и весела игра – појаснија од Општина Кавадарци.

Како што информираа, работите ги изведува фирмата „Теракота“ од  Прилеп.

– Ова е само едно од многуте игралишта што ги уредува нашата општина затоа што децата заслужуваат простор за игра, смеа и среќни спомени – потенцираат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ