Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји, потег за кој Белата куќа вели дека ќе ја помести глобалната трговија во корист на американските работници. Станува збор за царини за стоки извезени на американскиот пазар, кои, според актуелните најави од американската администрација, ќе стапат на сила само за неколку дена.
Царините се движат од 10 до 41 процент. Македонија ќе се соочи со царини од 15 отсто, додека за Босна и Херцеговина царината ќе изнесува 30 проценти, Србија 35 проценти, додека ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја ќе плаќаат по 15 проценти. Мерките стапуваат на сила на 7 август.
Белата куќа соопшти дека Канада е казнета затоа што не соработува доволно во борбата против фентанилот, а царините за канадска стока се зголемени од 25 на 35 проценти. На Мексико му е даден 90-дневен рок за преговори за нов трговски договор, додека Кина има рок до 12 август да постигне договор со Вашингтон.
Објавата предизвика загриженост кај домашните бизнисмени, бидејќи најтешко ќе ја погоди одбранбената индустрија.