Новиот Ванчо Михајлов сееше страв во коските на многумина

509

Балканот има неколку многу сериозни навивачки групи, а некои лидери стекнале статус на озлогласени и не се срамат јавно да се експонираат и многу често тоа го манифестираат јавно.
Фотографија од Иван Велчев кружи на социјалните мрежи во последните недели, а станува збор за лидерот на фан-клубот на ЦСКА 1948 од Софија, пишува босанскиот портал „СпортСпорт.ба“.

Навивачите на бугарскиот клуб се нарекуваат „Црвени животни“, а Велчев е лидер на подгрупа наречена „Сектор Г“.
Бугаринот е на сцената долго време, а стана популарен откако беше фотографиран со цигара во рака додека шеташе покрај колона на германски полицајци.
Пред неколку недели, негова фотографија се појави на Фејсбук страница со разни коментари.

Навивачите на ЦСКА сосема природно го фалат, додека имаше и многумина кои му се потсмеваа поради неговиот изглед.
„Големиот Бугарин. Се сеќавам кога сам им се спротистави на навивачите на Локомотив Пловдив и на Спартак од Москва. Вистински човек и херој, достоен водач на Црвената армија.“

„Му се смееја, но кога еден од соперничките навивачи го повика на борба, Иван го претепа, тогаш тоа не им беше смешно.“
„Ова е Ванчо Михајлов, водачот на Бугарите против Србите и окупаторите…“, се само дел од коментарите.

Како што е познато, Ванчо Михаилов бил член на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, или ВМРО, за време на Втората светска војна и е важна личност во бугарската историја.

Сепак, многумина го занемаруваат неговото темно минато, односно дека бил на страната на НДХ и Адолф Хитлер. Починал во Италија во 1990 година.
Кога станува збор за настаните во Пловдив, во тоа време, Валчев имал 38 години и самиот влегол во жестока пресметка со навивачите на Локомотив.

Кога се појавил на суд, тврдел дека е невработен и дека неговата сопруга го издржува. Иако му се заканувала една година затвор, тој не завршил зад решетки.
Дури и денес, тој е многу активен кога станува збор за ЦСКА Софија и редовно коментира за настаните во тој клуб. За разлика од многу други навивачки лидери од Балканот, тој редовно ги полни колумните во весниците во Бугарија.

За тоа колку всушност ја сака ЦСКА најдобро потврдува неговата порака од пред неколку години: „Да имав 100 животи, би ја сакал ЦСКА во секој од нив“, „СпортСпорт.ба“.

ИЗДВОЕНИ