Новиот систем ЕЕС не функционира добро, долги застои на границите на ЕУ

63

Новиот дигитален систем за влез и излез на границите ЕЕС (EES) на Европската Унија предизвикува патниците да бидат задржувани со часови, предупредува Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Според неговите податоци, граничните проверки сега траат до 70 проценти подолго, што претставува дополнителен товар за аеродромските услуги.

За време на транзицискиот период, државјаните на трети земји сè уште ќе подлежат на класична пасошка контрола, но новиот систем бара и биометриска регистрација – отпечатоци од прсти и скенирање на лице.

Уреди за самопослужување се инсталирани на многу аеродроми, а еден од десет патници моментално подлежи на дигитална регистрација. Од 9 јануари 2026 година, се очекува овој број да се зголеми на 35 проценти.

ACI предупредува дека доколку проблемите како што се неисправностите на уредите и недостатокот на гранични полицајци не се решат, големите застои и прекините во работењето на аеродромите и авиокомпаниите се речиси сигурни.

Најголемите проблеми се пријавени во Франција, Германија, Италија, Шпанија, Грција, Португалија и Исланд.

Сепак, Европската комисија истакнува дека системот функционира во голема мера без проблеми и дека повеќе од половина од пристигнувањата веќе се регистрирани. Земјите-членки исто така можат привремено да го суспендираат системот во итни ситуации за да го ублажат застојот, наведуваат од ЕК.

ИЗДВОЕНИ