Мерцедес и официјално го претстави својот нов болид – W17, кој би можел да биде главен фаворит за титулата во претстојната сезона во Формула 1.
Тимот на легендарниот германски производител, со седиште во Велика Британија, смета со Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели оваа година ќе ја прекине сушата од 2020 година и ќе се врати на врвот од генералниот пласман.
Едноседот доаѓа со декорација што го почитува неговото германско наследство – црната боја доминира, во согласност со историскиот дизајн на тимот.
Иако беше претставен во виртуелен формат, W17 веќе ги покажува вистинските карактеристики на новите прописи: аеродинамични отвори, нови засеци на подот и обликот на предниот дел.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 22, 2026
Премиерата се случи кратко по објавувањето на партнерството со „Mајкрософт“, а Мерцедес нагласи дека W17 не е само концепт туку и прв чекор кон вистински тестови и развој, кои би можеле да донесат предност на патеката.
Засега не се знае многу за моторот на W17 и се шпекулира дека Мерцедес пронашол можна „сива зона“ во односот на компресијата на тркачките температури.
Доколку се докаже дека е вистина, тоа би можело да донесе значителна предност, што веќе ги загрижува другите тимови.
- Подготвени сме за транзиција кон новите прописи. Тоа бара иновации и максимална посветеност во сите области, од развојот на моторот и горивото до целиот болид. Ќе продолжиме да работиме напорно во наредните месеци – истакна Волф.
Расел влегува во 2026 година со зголемено искуство и самодоверба, по две доминантни победи во Канада и во Сингапур, во 2025 година.
Антонели, кој покажа брз напредок минатата сезона и ги освои своите први подиуми, сега е подготвен да докаже дека може да биде кандидат за титулата.











