Новиот дрес-код на светскиот женски тениски рекет број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, кој го претстави пред почетокот на Австралија опен, предизвика вистинска лавина од коментари на социјалните мрежи. Повеќето навивачи ги пофалија нејзиниот избор и боите, но немаше недостиг на критика.
Белоруската тенисерка објави фотографии од својот дрес-код на „Инстаграм“, комбинација од портокалова, црна и од розова со сини детали, инспирирани од културата на сурфање. Во описот, таа напиша дека станува збор за мала возбуда околу дре-кодот за првиот гренд слем во сезоната.
Реакциите на обожавателите не изостанаа. Огромно мнозинство од коментарите беа позитивни, а многумина ги пофалија боите и кројот. „Ова е нејзиниот најдобар дрес-код досега!“, напишаа некои, додека други додадоа: „Неверојатна комбинација на бои!“ и „Изгледа одлично“.
Aryna Sabalenka reveals her 2026 AO kit 💅#AusOpen pic.twitter.com/ji9eHYTFok
— Tennis Channel (@TennisChannel) January 7, 2026
Сепак, имаше и критики. На некои не им се допаднаа кројот и комбинацијата на бои, коментирајќи: „Изгледа како кловн, а не како спортистка“ и „Не ги нагласува најдобрите линии“.
Без оглед на поделеното мислење, облеката на Сабаленка стана тема на социјалните мрежи, а фотографиите собраа десетици илјади прегледи и стотици коментари. Сабаленка е во одлична форма оваа сезона и се смета за еден од главните фаворити на Австралија опен. Сепак, се чини дека нејзиниот стил добива исто толку внимание како и нејзиното играње тенис.
Таа покажа дека, освен сила и прецизност на теренот, знае како да предизвика реакции и надвор од него. Таа освои четири гренд слем титули и играше во седум финалиња. Освои титули на Австралија опен и на САД опен двапати. Има вкупно 21 ВТА-титула.












