Откако американскиот претседател Доналд Трамп најави уште една средба со рускиот претседател Владимир Путин, овој пат во Будимпешта, новинар на ХафПост ја праша Белата куќа: Зошто Будимпешта?
Унгарскиот главен град беше местото на Будимпештанскиот меморандум од 1994 година, со кој Украина се откажа од својот нуклеарен арсенал наследен од распадот на СССР во замена за гаранции дека Русија ќе го почитува својот територијален интегритет.
Путин ги прекрши тие ветувања во 2014 година со анексијата на Крим, а потоа и војната во Донбас, која кулминираше со целосна инвазија на Украина во 2022 година.
Дрскиот одговор на портпаролката на Трамп
ХафПост ја праша Белата куќа кој ја одбрал локацијата за средбата. Одговорот дојде брзо. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, одговори со СМС-порака: „Мајка ти“.
Кога новинарот С.В., ја прашал Ливит дали смета дека нејзиниот одговор е смешен, следел уште еден напад: „Смешно ми е што воопшто се сметате себеси за новинар. Вие сте левичарски поттикнувач кој никој не го сфаќа сериозно – дури ни вашите колеги, само тие тоа не ви го кажуваат в лице. Престанете да ми ги испраќате вашите пристрасни и глупави прашања“, напишала Ливит.
„Училишно малтретирање“
Подоцна, на официјалниот профил на Белата куќа на платформата X, таа објавила јавна порака со снимка од пораката:
„С.В. Дате од Хафингтон пост не е новинар заинтересиран за факти. Тој е левичарски активист кој со години го напаѓа претседателот Трамп и постојано ми го бомбардира телефонот со демократски тези. Погледнете го неговиот профил, изгледа како личен дневник против Трамп. Активистите кои се преправаат дека се новинари им прават лоша услуга на медиумите.“
Како одговор, „Хафпост“ соопшти дека ќе продолжи да им поставува прашања на портпаролите на Трамп, особено на оние на кои тие не сакаат да одговорат.
For context, S.V. Dáte of the Huffington Post is not a journalist interested in the facts. He is a left-wing hack who has consistently attacked President Trump for years and constantly bombards my phone with Democrat talking points.
Just take a look at @svdate’s feed, it reads… https://t.co/NxWn2mdUsa pic.twitter.com/v7owI5N4us
— Karoline Leavitt (@PressSec) October 20, 2025