Познатата полска тенисерка, Ига Швјонтек, доживеа голем срам откако стигна до финалето на турнирот во Синсинати. Таа ја победи Елена Рибакина во полуфиналето со 7:5, 6:3, а по триумфот се случи сцена по која целата планета остана во шок.

Додека даваше интервју по натпреварот, таа доживеа шок. Имено, додека поставуваше новинарот прашање, Ига во еден момент го прекина и збунето праша: „Чекај, дали врне?“

Следуваше шокантен одговор.

– Не, веројатно, јас плукам по тебе додека го поставуваш прашањето – рече американската новинарка како од топ.

Ига беше целосно збунета, се чинеше дека не разбра што кажа, па додаде дека мислела дека слушнала грмотевици. Видеото од интервјуто брзо ги „запали“ социјалните мрежи – љубителите на тенисот велат дека никогаш не виделе вакво нешто.

На мечот за титулата, синоќа, Полјачката играше против Италијанката Јасмин Паолини, која се пласира во финалето  со победата над Русинката Вероника Кудерметова во три сета, со 6:3, 6:7, 6:3.

Во машкото финале на овој турнир, силите ќе ги одмерат Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз.

 

 

ИЗДВОЕНИ