Комисијата за планинарски патеки при ФПСМ изминативе два месеци работеше на патеките на Водно, на нивно освежување и означување.
– Маркирана е патеката од селото Нерези поточно од комплексот „Македонско етносело“ во правец кон Матка и обнова на маркацијата кон Водно. Поставени се нови столбови и патокази, обновена е маркацијата и расчистен е теренот на места каде што навлегуваше вегетацијата во патеките – велат оттаму.

Интервенциите на патеката ќе продолжат и во наредните викенди и со тоа ќе се заокружи годинашната програма за ревитализирање и за отворање новоозначени патеки на Водно.












