Нови правила за возачите во ЕУ од 2028 година: Што можете да возите со Б категорија?

153

Добри вести за сите љубители на камперите. Според информациите од германскиот ADAC, од 2028 година, возачите со возачка дозвола од категорија Б ќе можат да возат возила со тежина до 4,25 тони. Сепак, ова правило ќе важи само за оние кои го положиле возачкиот испит по 1999 година, пишува списанието Fenix.

Новите правила се дел од ревидираната Директива на ЕУ за возачки дозволи, која беше усвоена во 2023 година. Земјите-членки на Европската Унија имаат рок од десет години за имплементација, а Германија објави дека ќе започне со нејзино спроведување дури во 2028 година. Дотогаш, може да се воведат дополнителни услови, како што се задолжителна обука или дури и дополнителен испит.

Другите сообраќајни правила за камп-комбиња остануваат непроменети. Ограничувањата за возила со тежина поголема од 3,5 тони сè уште важат, вклучувајќи забрана за престигнување камиони и максимална брзина од 100 км/ч.

 

ИЗДВОЕНИ