Нови правила: Голема промена за оние со возачка дозвола Б категорија

455

Земјите-членки на Европската Унија имаат рок до 2033 година целосно да ги усогласат своите закони со новата Директива за возачки дозволи, усвоена во 2023 година.

Германија планира да започне со спроведување на новите правила уште од 2028 година. Според промените, возачите со дозвола од категорија Б ќе можат да возат возила со тежина до 4,25 тони, наместо претходните 3,5, но само ако го положиле возачкиот испит по 1999 година.

Промената, која е поддржана и од германскиот автомобилски клуб ADAC, е особено важна за возачите на кампер-возила и туристичкиот сектор, каде што побарувачката за поголеми возила расте. Дополнителни барања како што се задолжителна обука или дополнителен тест може да се воведат до 2028 година за да се зголеми безбедноста на патиштата.

Европските земји имаат рок од следната деценија за да ги прилагодат своите закони и инфраструктура, а се очекува Германија да биде првата што ќе ги спроведе новите прописи.

ИЗДВОЕНИ