Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ се намалуваат цените на горивата.
ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се намалуваат за 0,5 денари, и од утре ќе се продаваат по цена од 74 денари, односно 76 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 67,5 денари по литар.
Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 67 денари. Мазутот поевтинува за 1,1 денар, и ќе чини 38,6 денари по килограм.