Нови политики на американската администрација – На дебелите луѓе нема да им се дозволува влез во САД, а државјанство ќе се купува за пет милиони долари

130

Меморандум испратен до амбасадите низ целиот свет ги повика службениците за визи да „го земат предвид здравјето на апликантот“, додавајќи дека дебелината може да предизвика состојби, вклучувајќи астма, апнеја при спиење и висок крвен притисок. Кардиоваскуларните заболувања, респираторните заболувања, ракот, дијабетесот, метаболните заболувања, невролошките заболувања и состојбите со менталното здравје, исто така, треба да се земат предвид, продолжува меморандумот.

 

Соединетите американски држави најавуваат можност да не им дозволуваат влез во државата на луѓето со прекумерна тежина и со дијабетес. Стејт департментот, пренесува „Телеграф“,  соопшти дека состојбите што би можеле да предизвикаат дополнителен товар за државата би биле основа за одбивање на барањето за виза.

Меморандум испратен до амбасадите низ целиот свет ги повика службениците за визи да „го земат предвид здравјето на апликантот“, додавајќи дека дебелината може да предизвика состојби, вклучувајќи астма, апнеја при спиење и висок крвен притисок. Кардиоваскуларните заболувања, респираторните заболувања, ракот, дијабетесот, метаболните заболувања, невролошките заболувања и состојбите со менталното здравје, исто така, треба да се земат предвид, продолжува меморандумот.

– (Ваквите состојби) можат да бараат стотици илјади долари вредна грижа и обемна, долгорочна нега, се вели во меморандумот, кој го видел КФФ Хелт Њуз.

Меѓународната федерација за дијабетес вели дека околу 11 проценти од светската популација го има тоа заболување, додека Светската здравствена организација проценува дека околу 13 проценти од возрасните страдаат од дебелина на глобално ниво. Во САД, бројката е околу 42 проценти, според Центрите за контрола и превенција на болести.

„Телеграф“ наведува дека Стејт департментот не одговорил веднаш на неговите прашања. Томи Пигот, главниот заменик-портпарол, вели: „Не е тајна дека администрацијата на Трамп ги става интересите на американскиот народ на прво место. Ова вклучува спроведување политики што осигуруваат дека нашиот имиграциски систем не е товар за американските даночни обврзници“.

Исто така, Стејт департментот најави дека на проверка ќе бидат визите на сите мигранти кои престојуваат легално во САД. Сега се проверуваат 55 милиони луѓе од кои некои се влезени во земјата со туристичка виза. Целта е да се утврди дали тие ги кршеле прописите, што ќе биде причина за нивна депортација. Според податоците за 2024 година, 12,8 милиони луѓе имаат зелена карта, а 3,6 милиони се со привремени визи. САД, исто така, ќе престанат да издаваат работни визи за возачи на комерцијални камиони, објави во неделата државниот секретар Марко Рубио на мрежата „Икс“.

„Зголемениот број странски возачи кои возат големи камиони со приколки на американските патишта ги става во опасност животите на Американците и ја загрозува заработката на американските камионџии“, напиша тој.

Од друга страна, администрацијата на Трамп размислува да дава државјанства на странци за пари, нешто како европските „златни визи“. Експертите за имиграциско право останаа збунети по најавата на претседателот дека САД ќе продаваат таканаречени „златни карти“, односно визи, што ќе им овозможат на богатите странци да живеат и да работат во Америка и да добијат државјанство за пет милиони долари. Заедно со министерот за трговија, Хауард Латник, тој рече дека ќе се залага програмата да стапи на сила за две недели и дека ќе ја замени сегашната програма за визи EB-5, која им овозможува на странските инвеститори да живеат и да работат во Америка –  сè додека инвестираат пари и создаваат работни места. Програмата за златни визи е во подготовка, иако, по примерот на Европа, експертите предупредуваат дека преку неа би можеле да се перат валкани пари.

ИЗДВОЕНИ