Нови паркинг карти во Дебар маало

71

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, вчера успешно реализираше информативна акција за промоција на новите паркинг карти во Дебар Маало, соопштија оттаму.

Во рамки на акцијата, како што информираат, на граѓаните им беа дистрибуирани флаери со информации за новите типови на паркинг-карти достапни во Општина Центар.

„Станува збор за: Мулти-неделна паркинг-карта, со цена од 2000 денари, која важи 7 дена и овозможува паркирање на сите комерцијални паркиралишта во зона 1 и зона 2.

Гостински паркинг-карти, наменети исклучиво за жители со склучен кориснички договор, и тоа:

– Дневна гостинска карта – по цена од 300 денари

– Неделна гостинска карта – по цена од 1200 денари.

Овие гостински карти, според соопштеното, можат да се користат само на отворени типови паркиралишта (комерцијални и резидентни) во секторот каде што жителот има пријавено живеалиште.

На настанот учестуваа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски кои на лице место остварија средби со граѓаните и ги информираа за придобивките од новите паркинг карти. Тие ја истакнаа важноста на модернизацијата на паркинг системот и овозможувањето на полесен и поефикасен пристап за сите корисници.

„Со оваа активност, продолжуваме со транспарентна комуникација со жителите на општината и креирање практични решенија за секојдневните потреби на граѓаните. Новите паркинг карти се дизајнирани за поголема флексибилност и ефикасност при користење на паркинзите во Центар, и истите можат да се купат на веб страната www.poc.mk“, се истакнува во соопштението

ИЗДВОЕНИ