Нови мерки на Халкидики: Внимавајте каде паркирате, ќе функционира „пајак служба“ во близина на плажите

83

Летната сезона полека се приближува, а тоа е период во годината во која многумина граѓани на Македонија одат во Грција. Оваа година се очекуваат многу новини околу безбедноста во сообраќајот, особено во првиот крак Касандра на полуостровот Халкидики, каде што традиционално има голем број на македонски граѓани.

Ова лето се очекуваат зголемени полициски контроли на Касандра, со присуство на голем број полициски патроли на главните патишта и на најпосетуваните места. Покрај редовното мерење на брзината, фокус ќе биде ставен и на тестирање на присуство на алкопхол, но и на прекршоците при паркирање, информира порталот Никана.гр.

Новина е дека од оваа сезона на Касандра ќе работи и пајак служба, која ќе ги отстранува возилата паркирани на непрописни места, па затоа се препорачува внимателност за тоа каде паркирате, со оглед дека ако вашето возило биде подигнато од „пајак“, може одморот лесно да се претвори во крајна непријатност.

ИЗДВОЕНИ