
Илјадници луѓе вечерва злегоа на улиците на Софија и десетици други градови низ Бугарија за да побараат оставка од малцинската влада, објави „Ројтерс“.
Демонстрантите користеа ласери за да ги проектираат зборовите „Оставка“, „Мафијата надвор“ и „За фер избори“ врз зградата на парламентот во центарот на Софија.
Бугарскиот парламент ќе гласа за предлог за недоверба на владата на премиерот Росен Жељазников во среда, шесто такво гласање откако тој ја презеде функцијата на 15 јануари, пренесе „Танјуг“.











