Нови линии за улично осветлување на повеќе локации

36

Општина Илинден продолжува со реализацијата на проектот „Илинден – светла општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Во рамките на овој проект, поставени се нови линии на улично осветлување во повеќе населени места на територијата на Општина Илинден, во вкупна должина од околу 2.120 метри. Поставена е нова линија во: населеното место Илинден, во вкупна должина од 180 метри, и тоа на улиците „7“, „9“, „12“, и „30“; во Марино, во должина од 150 метри, на крак од улицата „500“; во Кадино, во должина од 200 метри, на улицата „7“; во населбата Јака, на дел од улиците „6“ и „18“, во должина од 200 метри. Во населеното место Ајватовци, на краци на улицата „1“, во должина од 220 метри; во Миладиновци на улицата „2“, во должина од 130 метри; во Дељадровци на краци од улицата „2“, во должина од 410 метри; во Бучинци, во вкупна должина од 630 метри, на улицата „4“, детското игралиште и пешачката патека на Бучинско Езеро.

– Екипите на ЈКП „Илинден“, покрај активностите за поставување нови линии за улично осветлување, вршат и комплетирање на постојните линии и интервенции за отстранување на оштетените места со светилки, при што се вградуваат нови – соопштија од Општина Илинден.

Оттаму додаваат дека, заедно со ЈКП „Илинден“, и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето нови линии во сите населени места.

ИЗДВОЕНИ