петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Нови клупи, столчиња, пречистувачи за воздух, комјутери… за средните училишта

Нови клупи, столчиња, пречистувачи за воздух, комјутери… за средните училишта

156

Сите средни училишта што се во надлежност на Град Скопје се  опремени со нови клупи и столчиња, односно се обезбедени достоинствени услови за учење и работа.

-Обезбедивме и пречистувачи на воздух, преносни компјутери, десктоп компјутери, нови и модерни интерактивни табли, како и смарт панели кои овозможуваат современа, динамична и квалитетна настава, во чекор со времето и потребите на младите – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е најголемата набавка за средното образование досега, што како што кажа јасно говори за силната посветеност кон поквалитетно образование.

Паралелно, се реконструираат и спортските терени, проект кој веќе е во тек, со цел да се поттикне физичката активност и да се градат здрави животни навики кај младите од најрана возраст.

-Дополнително, сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат и фотоволтаици, што е сериозна и одговорна мерка која ќе значи намалување на трошоците за електрична енергија, но и директен придонес во заштитата на животната средина. Сето ова е насочено кон унапредување на севкупната опременост, квалитетот и комфорот во училиштата, како силен стимул за развој на потенцијалот кај младите – нагласи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ