Нови клима-уреди за сите објекти на градинката  „11 Октомври“

75

Сите објекти на детската градинка  „11 Октомври“ во Општина Бутел се климатизирани со набавката на нови клима-уреди.

– Она што беше барање на родители – од ова лето е надминато. Целосно сме посветени и работиме на подобри услови за нашите дечиња – соопштија од Општина Бутел.

Оттаму додаваат дека дополнително од септември сите објекти ќе добијат прочистувачи на воздух.

– Во насока на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, односно за намалување на последиците од аерозагадувањето, преку обезбедување прочистувачи на воздух, ќе придонесеме за намалување на загадувањето кон нашите најмали деца од предучилишна возраст – велат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ