Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, вели дека по одличната 2025 година со многу започнати и завршени проекти, во новата година се влегува со зголемено темпо, со продолжување на изградбата на автопатските делници во земјава и со уште повеќе проекти за Македонија.
Инаку, во годината што измина, на патната карта на Македонија имаше нови 37 километри автопат на две делници на Кичево – Охрид и 51,5 експресни километри на делниците Градско – Дреново и Крива Паланка – Длабочица – Страцин.
Во 2026 година, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ продолжува со изградбата на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола на коридорите 8 и 10д, а веќе се изработува проектна документација и за делницата Требеништа – Ќафасан. Прикрај се активностите за почеток на работите на автопатот Кичево – Букојчани, кои се планираат за напролет, а се очекува и евалуацијата од понудите за изведувач за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце.












