
Крајот на третиот грен-слем турнир годинава, Вимблдон, донесе значајни промени на најновата АТП- листа. Најголема вест е, секако, титулата на Јаник Синер, кој го победи Карлос Алкараз во големото финале со 4:6, 6:4, 6:4, 6:4 и со тоа ја освои првата титула на гореспоменатиот грен-слем турнир.
Со оваа победа, Италијанецот дополнително ја зацврсти првата позиција на АТП листата со дури 12.030 поени, додека Алкараз остана на второто место со 8.600 поени. Сепак, трката за број 1 не е завршена, бидејќи Синер брани голем број поени во наредните месеци, додека Шпанецот има многу помалку одговорности на тоа поле.
Александар Зверев, и покрај поразот во првото коло, го задржа третото место, додека Тејлор Фриц го прескокна Џек Дрејпер и сега е четврти. Американецот стигна до полуфиналето на Вимблдон, додека Британецот го заврши своето учество уште во второто коло.
Новак Ѓоковиќ остана на шестото место, без поместување. Истото важи и за Лоренцо Мусети (седмо место) и Холгер Руне (осмо место).
Голем скок забележа Бен Шелтон, кој го постигна најдобриот резултат на еден грен-слем со четврт-финалето и сега е на деветтата позиција, највисока во неговата кариера. Во топ-10 се врати и Андреј Рубљев, кој со пласманот во осминафиналето скокна за дури четири места и сега е десетти играч во светот.
Што се однесува до најдобриот македонските тенисери, Калин Ивановски, по речиси едногодишната пауза поради повреда, полека, но сигурно се враќа во посакуваната форма. Тој во понеделникот забележа скок од дури 42 позиции на најновата АТП ранг-листа. Така, во моментов е рангиран на 853. место.
Сепак, тоа е уште далеку од неговиот најдобар ранкинг, кога во октомври 2023 година беше на 305-тата позиција.
Ова се ТОП 10 играчи во светот: 1. Јаник Синер 12.030, 2. Карлос Алкараз 8.600,
- Александар Зверев 6.030, 4. Тејлор Фриц 5.035, 5. Џек Дрејпер 4.650, 6. Новак Ѓоковиќ 4.130, 7. Лоренцо Мусети 3.350, 8. Бен Шелтон 3.330, 9. Холгер Руне 3.250, 10. Андреј Рубљов 3.110