Општина Центар го искористи летниот период за поставување нови детски реквизити, кошаркарски табли, клупи и канти во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, создавајќи пријатно катче за игра и спорт за учениците и за децата од околината.
Оттаму информираат дека со нова опрема е збогатено и игралиштето во Мало Курило и дека се поставени нови табли за кошарка во населбата Пролет.
– Ја обновивме опремата и на спортското игралиште кај Зеленото пазарче, како и на детското игралиште кај поранешен „Јукан“. Чувајте ги овие катчиња, тоа се места наменети за игра, дружење и за здрав развој на нашите деца – порачува градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.