Откако Тајлер Робинсон бешe приведен за убиството на активистот Чарли Кирк, се појавуваат нови детали за настаните што доведоа до неговото апсење.
Како што претходно беше објавено, таткото на Робинсон го препознал својот син кога ФБИ објави фотографии од осомничениот во четвртокот.
Според „Си-би-ес њуз“ (CBS News), извори велат дека Робинсон му признал на татко му дека тој е лицето на фотографиите. Таткото на Робинсон му рекол на синот дека треба да се предаде. Но, Робинсон одговорил дека би сакал да си го одземе животот.
Таткото потоа повикал млад свештеник кој е близок до Тајлер Робинсон и неговото семејство. Пасторот и таткото на Тајлер се обиделе да го смират.
Пасторот ги повикал американските маршали. Маршалите потоа го привеле Робинсон и го обезбедиле додека не пристигнале ФБИ и не го привеле 22-годишникот.