Нови детали за убиството кај Славонски Брод: Убиецот ја забележал жртвата во автомобил, почнал да ја следи со сопственото возило и ја ликвидирал

538
Фото:принтскрин

Пукањето што се случи вчера околу 18 часот во селото Шушњевци, во општина Буковље во близина на Славонски Брод, го уби, според локалните медиуми, 61-годишниот Зоран Гргиќ.

Државното обвинителчство на Република Хрватска ги објави деталите утрово, пренесува хрватски „Индекс“.

„Заменик-окружниот државен обвинител при Окружното државно обвинителство во Славонски Брод, во соработка со полициските службеници на Полициската управа Брод-Посавина, спроведе истрага во врска со пријава за убиство на хрватски државјанин (1964).

Според досега собраните податоци, се сомнева дека на 23 септември 2025 година, околу 18:00 часот во местото Шушњевац, на патот, бил застрелан хрватски државјанин (1964). Се сомнева дека сторителот или неколкумина од нив удриле во возилото на жртвата, по што жртвата била застрелана неколку пати од огнено оружје, од што починала на местото на настанот. Потоа сторителот се оддалечил од местото на настанот.“

Полицијата одржа прес-конференција во раните попладневни часови.

„33-годишен маж се движел низ местото Шушњевац, каде што забележал друго возило на патот управувано од 61-годишен маж кого го познавал од претходно. За да го запре, тој го свртел возилото и го следел“, изјави на полициска конференција во Славонски Брод.

„Имаме неколку претпоставки“, рече портпаролот за мотивот. Осомничениот, додаде полицијата, немал дозвола за носење оружје.

По вештачењето ќе се знае дали осомничениот бил под дејство на алкохол или на некои други опијати.

Тој беше уапсен по четири часа од извршувањето на убиството, додаде полицијата.

ИЗДВОЕНИ